Барса доби сериозна конкуренција: Челси подготвува 150 милиони евра за напаѓачот на Атлетико
За него е заинтересиран Челси кој подготвува понуда од 150 милиони евра претстојното лето и тешко ќе биде мадридскиот клуб да одолее на ова. Алварез е одличен напаѓач, својата класа ја потврди во Атлетико, а има и искуство во англискиот фудбал бидејќи долго време беше член на Манчестер Сити со кого освои се што можеше.
Ако трансферот се оствари, Атлетико би имал и сериозна добивка бидејќи во 2024 година го купи Алварез од Сити за 95 милиони евра.