Барѕаљи со солзи се збогува од Јувентус, навивачите му порачаа: Благодариме шампионе! (ВИДЕО)

Андреа Барѕаљи еден од стоперското славно трио на Јувентус во изминатите осум доминантни години заедно со Џорџо Кјелини и Леонардо Бонучи, денеска го одигра последниот меч во дресот на „старата дама“ и во 60-та минута беше заменет со Марио Манџукиќ, за навивачите величенствено да се простат од својот стопер.

Барѕаљи колку и да се обидуваше да ги скрие солзите, не успеа, па пушти солзи при замената и честитките за збогум од соиграчите, а навивачите со парола „благодариме шампионе“ се простија од својот досегашен фудбалер.

Тој во Торино дојде во 2011 година, одигра вкупно 281 меч, даде ѝ два гола. Си заминува од Јувентус со 13 трофеи, од кои осум титули и е единстбен кој во оваа модерна ера на доминација ги освои сите скудета.