Барди во Леванте до 2022 - станува најскап македонски фудбалер во историјата!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди на фантастичен начин ја отвори сезоната во шпанската Ла Лига со Леванте, па сега управата реши да му се заблагодари и да му го продолжи договорот.

Леванте на социјалните мрежи објави дека му го продолжила договорот на Барди на уште две дополнителни години, па сега истиот му завршува во јуни 2022. година.

Летово постоеше интерес од неколку екипи за нашиот репрезентативец, но Леванте инсистираше Барди да остане во клубот, па ќе се согласеше да го пушти само во случај некој да ја платеше откупната клаузула.

Во новиот договор таа е зголемена и во моментов изнесува двојно повеќе од претходно, односно 50 милиони евра, што го прави најскап фудбалер во македонската историја. 

„Среќен сум за времето кое го поминав тука и се надевам дека уште многу години ќе останам во клубот“, кажа Барди.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

2️⃣0️⃣2️⃣2️⃣🎯 #levanteud #gracias #todos 🙏🏼

A post shared by Enis Bardhi (@enisbardhi10) on