Барди се врати на тренинзите, ќе биде подготвен за Барса

Македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати на тренинзите на својот Леванте навреме за да фати ритам за претстојната пресметка со Барселона во Ла Лига, објавија шпанските медиуми.

Барди вчера првпат тренираше после повредата на мускулот, која не беше од посериозен карактер, ама брзо македонскиот репрезентативец успеа да се рехабилитира за да може нормално да тренира, па сега останува до крајот на неделава да се наметне кај тренерот Пако Лопез и брзо да се врати во стартниот тим на Леванте.

Според информациите, Барди максимално тренирал и практично не се почувствувало на последниот тренинг дека тој бил повреден, што е одлична вест за Лопез дека ќе го има македонскиот фудбалер за врска на располагање за дуелот со шпанскиот првак.

Леванте го загуби последниот меч, кој Барди го прескокна поради повредата од Осасуна со 0-2.