Барди се врати на теренот, Леванте првпат победи во Ла Лига годинава (ВИДЕО)

По еден месец откако ја грееше клупата и трибините, македонскиот репрезентативец Енис Барди се врати на теренот и доби 20 минути за Леванте, кој во финишот од мечот успеа првпат да победи годинава во дуел во Ла Лига, со триумфот со 1-0 на гостувањето кај Гетафе.

Леванте освои многу важни бодови во борбата за опстанокот, а Барди по 11 февруари, кога одигра 19 минути во поразот во градското дерби со Валенсија, сега конечно се врати на теренот и му донесе среќа на својот тим. Новиот тренер Пако Лопез најави дека Барди ќе добие поголема шанса, откако претходнокот Муњиз го закова за клупата за резерви и македонскиот репрезентативец вкупно одигра 60-на минути на три меча во оваа 2018 година.

Леванте со оваа победа сега има 24 бода, колку да здивне по серијата неуспеси и 15 меча без победа, па сега Лас Палмас со меч помалку е на четири бода негатива, а тимот од Канарските острови го има последното место кое води во Сегунда.