Барди преку ноќ стана резерва, сега и Алиоски го загуби првотимското место

Најдобриот македонски фдбалер за минатата година Енис Барди од Нова година го загуби стартното место во Леванте, па веќе месец и половина добива шанса со лажичка, а од денеска на клупата закован беше и Езџјан Алиоски, фудбалерот на Лидс, кој не доби ниту минута во домашниот меч со Бристол сити (2-2).

Алиоски нема некој забележителен ефект во новата година, но барем беше стандарден. По заминувањето на Томас Кристијансен, кој го донесе во Лидс, Алиоски беше стретер во минатото коло, но сега Пол Хиконгботом го седна на клупата, па македонското крило беше само гледач за освоениот бод, до кој Лидс стигна откако имаше негатива од два гола за 15-на минути.

Барди денеска во пладневниот термин исто така беше само гледач на клупата, а макеоднскиот фудбалер за врска не ја добива шансата од тренерот како во првиот дел од сезоната, без оглед што пред три недели Барди со асистенција спаси бод за Леванте, кој грчевито ќе се бори за опстанок.

Дури резерва вчера беше Илија Несторовски, капитенот на Палермо, па доби шанса во послендите половина час, додека во сицилијанскиот тим од првата минута играше Александар Трајковски (беше заменет на шест минути до крајот), но и овој македонски двоец веќе 50-на дена немаат голем ефект освен единиот гол што Несто-гол го даде од пенал во минатото коло со Фоџа (1-2).

Засега не е јасно што се случува со македонските репрезентативци, барем тие што треба да бидат основа на А-тимот, но повеќе од јасно е дека ваквиот ефект лошо може да се одрази на националниот тим.