Барди попладне ќе слета во Трабзон за да потпише со турскиот шампион!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди пред неколку дена прифати трансфер во Трабзонспор, откако претходно турскиот гигант се договори со Леванте, па се очекува фудбалерот денеска во 14.30 часот да стигне во Трабзон.

Барди по пет години си заминува од Шпанија, а транферот во Трабзонспор ќе чини три милиони евра, додека македонскиот фудбалер ќе потпише тригодишен договор, откако ќе ги помине медицинските прегледи.

Турскиот новинар Кемал Тамтурк објави на неговиот профил дека Барди ќе слета во Трабзон попладне, по што треба да има медицински прегледи и да потпише договор, со што би се комплетирал неговиот трансфер во првакот на Турција.