Барди номиниран за играч на колото во Ла Лига! (ФОТО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е номиниран за најдобар играч во осмото коло од шпанската Ла Лига.

Барди постигна неверојатен погодок за Леванте од слободен удар против Хетафе, а токму тој гол им донесе три бода на неговите соиграчи.

Останати кандидати за играч на колото се Микел Ојарзабал од Реал Сосиедад, Езекиел Гарај од Валенсија и Пабло Сарабија од Севилја, а во моментов нашиот играч е втор по бројот на гласови.

Доколку сакате да гласате за Барди за најдобар играч во колото во Ла Лига или имате друг фаворит, тоа може да го направите ТУКА.