Барди му обезбеди опстанок на Леванте со гол со - лева! (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди со својот погодок му донесе триумф на својот Леванте од 2-1 против Џирона и му обезбеди опстанок во Ла Лига на едно коло до крајот. 

Во директна битка за опстанок, тимот од Валенсија славеша на гостувањето кај Џирона со пресврт. Кристијан Стуани му донесе водство на домашениот тим во 60-тата минута. Хозе Моралес израмни за гостите, а победата ја донесе Барди со гол во 86-тата минута од натпреварот. За нашиот интернационалец ова беше трет сезонски погодок, втор на последните два натпревари.

Столе Димитриевски и Рајо Валјекано запишаа пораз од Ваљадолид пред своите гледачи со 2-1. Со оваа победа гостите го обезбедија опстанокот, додека тимот на нашиот репрезентативен голман уште минатото коло ги загуби шансите за опстанок.

Во последното коло во Ла Лига најинтересна ќе биде битката за пласман во Лигата на шампиони, бидејќи три тима конкурираат за четврото место. Валенсија моментално е во пол-позиција, бидејќи по денешната победа од 3-1 против Алавес е на 4.место со 58 бодови, колку што има Хетафе, но овој тим денеска загуби кај Барселона со 2-0. Тука е и Севилја, која има два бода помалку, а денеска ремизираше 1-1 на гости кај Атлетико Мадрид.

Реал Мадрид запиша пораз од 3-1 на гостувањето кај Реал Сосиедад.