Барди конечно се враќа и тоа после 71 ден и 12 меча пауза! (ФОТО)

После повеќе од два месеци или цели 71 ден, откако на 8 ноември последен пат играше за Леванте, македонскиот репрезентативец Енис Барди конечно се враќа во тимот на шпанскиот прволигаш и се најде на списокот на повикани за денешниот меч со Кадиз од 19 часот, на гостувањето од 19-то коло во Ла Лига.

Барди се повреди на последниот трениг во Скопје пред заминувањето за Тбилиси на историскиот меч во номеври, кога Македонија обезбеди настап на Евро 2021 со победата со 1-0, заработи незгодна повреда на грбот, па поради тоа ги прескокна трите меча за националниот тим (освен со Грузија и со Естонија и Ерменија во Лига на Нации), а пропушти цели 12 меча за Леванте, од кои три во кралскиот Куп.

Македонскиот фудбалер за врска веќе три недели тренира после периодот на рехабилитација и конечно го дочека моментот да се врати во тимот и да конкурира за настап, па на тренерот Пако Лопез е утре да реши кога и дали ќе му даде шанса за настап. Досега, Барди не беше ни во конкуренција за настап и не беше повикуван за мечевите, поради советите на лекарскиот тим во изминативе десетина дена да се избегнат дуели од превентива, додека Барди комплетно не покаже дека е подготвен да го издржи напорот, а притоа и да се избегне било каков ризик за евентуално влошување на проблемот со дискус-хернијата.