Барди нема да игра за Леванте во Купот на Кралот!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди денеска точно напладне ќе го пропушти мечот за својот Леванте во Купот на Кралот против Луго, откако тренерот Пако Лопез решил да му даде мал одмор на фудбалерот за врска и тој да остане свеж за неделното гостување кај Еибар, клубот кој пред две недели му даде три гола на Реал Мадрид, а потоа беше сопрен од Столе Димитриевски со Рајо Валјекано.

Барди е незаменлив во Леванте, една од најсилните алки во средниот ред на овој шпански клуб, па очигледно Лопез сака да го сочува за поважниот меч во Ла Лига, очекувајќи дека другите фудбалери лесно ќе го минат второлигашот Луго, кој доаѓа со 1-1 од домашниот меч во оваа шеснаестинафинална рунда во Купот.

Македонскиот репрезентативец по одлуката на тренерот, ќе го гледа мечот од трибините, а одлуката да се одмори Барди е и очекувана сооглед на набиениот распоред и фактот дека фудбалерот за врска веднаш по враќањето од репрезентативните обрски продолжи со тренинзи и настапи.

Мечот Леванте-Луго се игра денеска од 12 часот.