Барди две недели во аут - нема да игра против Барселона

Македонскиот фудбалски репрезентативец и члeн на шпански Леванте, Енис Барди, ќе паузира во наредните 12 дена поради повреда на бутниот мускул на десната нога.

Македонскиот репрезентативец се не успеа го крај да го одработи денешниот тренинг, поради што мораше предврме да замине во соблекувалната и да му биде дадена медицинска помош. Врз него денес беа направени медицински тестови поради од кои бешпе констатирано дека се работи за мала повреда, па затоа, оваа пауза ќе биде доволна за рехабилитација.

На овој начин, Барди ќе го пропушти натпреварот против Севилја, кој ќе се одигра во вторник на „Рамон Санчес Писуан“, во рамки на 1/16 финалето во Купот на Шпанија. Исто така ќе го пропушти и дуелот против Осасуна, а неизнесен е неговиот настапи и за мешот на „Ноу Камп“, против екипата на Барселона.