Барди даде гол за опстанок, коментаторот од среќа се – расплака (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Енис Барди вчера го даде третиот сезонски гол за Леванте, вкупно негов 12-ти во Ла Лига, ама дефинитивно овој е највреден, зашто со погодокот кај Жирона на својот клуб му го обезбеди опстанокот.

И откако погоди во самиот финиш од мечот за победа во Каталонија и формално обезбедување на опстанокот, коментаторот на мечот дури почна да плаче од среќа. Коментаторот падна во транс по погодокот, па потоа липаше повторувајќи постојано Барди, Барди, славејќи го херојот во мечот.