Балотели не издржа: Мораше да го искоментира задникот на бившата! (ФОТО)

Конторверзниот фудбалер Марио Балотели, кој често е во медиумите благодарение на активности надвор од фудбалските терени, повторно е главна тема во италијанските медиуми.

За лудориите на Балотели кои ги прави надвор од теренот постојано се пушува, а такво нешти имаше и овој пат кога и искоментира на својата поранешна девојка Рафаела Фико.

И покрај тоа што не се заедно долго време, Балотели не се поколеба да ги искоментира нејзините последни објави на социјалната мрежа Инстаграм.

Рафаела се пофали со својот секси изглед додека тренираше во теретана, а во главен фокус беше нејзиниот задник. Токму поради тоа Балотели не можеше да остане имун, па реши да стави коментар на нејзината објава.

И покрај затворената љубовна приказна, Марио и Рафаела очигледно имаат добра врска, пред се заради ќерката што ја имаат.