Балотели му се сити на Виеира за отказот: Кармата е ку*ва, Бог гледа сѐ!

Патрик Виеира доби отказ од тренерската позиција, а на тоа најмногу се израдува Марио Балотели кој не беше во добри односи со овој стратег.

Виеира двапати му беше тренер на Балотели, еднаш во Ница, а потоа во Џенова. Тие двајца уште од францускиот клуб ги нарушија односите, па уште од самото доаѓање на Виеира во италијанскиот клуб, напаѓачот беше исфрлен од тимот.

Францускиот стратег велеше дека Балотели не е прилагоден за тимски спорт и со него е многу тешко да се работи.

Балотели замина од Џенова на почеток на годината и оттогаш нема клуб.

„Кармата е ку*ва. Бог гледа сѐ и за сѐ грижи. Џенова сега конечно може да се фокусира на луѓе кои навистина го сакаат клубот“, напиша меѓудругото Балотели на Инстаграм.