Балотели конечно најде нов клуб: Повторно ќе игра за Берлускони

По многу шпекулации, Марио Балотели има нов клуб. Во понеделник поранешниот италијански репрезентативец ќе биде фудбалер на Монца. 

Тимот од Серија Б е во сопственост на Силвио Берлускони, а Балотели ќе има познато друштво од времето во Милан, бидејќи таму е и Кевин Принц Боатенг, а тренер е Кристијан Броки.

Голгетерот од изминатото лето е слободен фудбалер, откако го раскина договорот со Бреша по караницата со претседателот Масимо Челино. Се шпекулираше дека Балотели би можел да замине во Бразил од каде имаше интерес од редовите на Васко де Гама, а во Англија за него се распрашуваа тимови од Чемпионшип дивизијата.

Италијанските медиуми велат дека Балотели во понеделник ќе ги одбработи медицинските прегледи во Монца и ќе потпише договор до крајот на сезоната.