Балканизација на „волчицата“ - Мурињо по двајца Срби донесе и Турчин во Рома

После двајца Срби, голманот Миле Свилар и Немања Матиќ, контроверзниот португалски тренер Жозе Мурињо го донесе и третото летно засилување во Рома, па ја продолжи балканизацијата на клубот, ангажирајќи го турскиот репрезентативец Зеки Челик.

Челик беше еден од приоритетите на Мурињо и веќе два месеци се преговараше за негов трансфер, па сега конечно дојде од Лил и потпиша четиригодишен договор. Ќе игра со бројот 19, а римјаните платија седум милиони евра отштета.

Тој во Лил дојде за само 2,5 милиони евра, беше шампион со Лил во минатата година, а францускиот клуб си обезбеди и 15 отсто од следната продажба

„Чест ми е што ќе играм во вака голем клуб, имам големи амбиции и желба да придонесам за идни успеси. Јас никогаш не се откажувам и никогаш нема да видите од мене да не се борам на теренот“, рече Челик.

Десниот бек за Лил одигра 143 меча во кои даде осум гола, а запиша 14 асистенции.