Баерн започна преговори со Сане

Германскиот гигант Баерн од Минхен веќе ги стартуваше преговорите со ѕвездата на Манчестер Сити, Лерој Сане, пишува „Скај“.

Интересот на Баварците за германскиот репрезентативец е познат подолго време, но во последниве недели има извештаи дека фудбалерот не сака да го зајакне Баерн.

За прв пат, шампионот на Бундеслигата контактирал со агентите на Сане, откако се преговарало за неговите лични барања. Сето ова е направено со дозвола од „граѓаните“ кои немаат ништо против за договор,кој сепак ќе биде вреден најмалку 100 милиони евра.

Сумата е висока за Баерн, но клубот итно бара ново крило откако ги ослободи ѕвездите Френк Рибери и Ариен Робен.

Сепак, финансиските претензии на Сане можеби се проблем, откако неодамна го одби предлогот од Сити за нов договор со годишна плата од 12 милиони евра. Така автоматски тој ќе биде меѓу најплатените играчи на Баварците, ако остане на неговите апетити во однос на финансискиот надомест.