Баерн се спасуваше од пораз против Лајпциг (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Лајпциг одиграа 3-3 во рамки на големото дерби во 10.коло од Бундеслигата. Првопласираниот тим на табелата се спасуваше од пораз, против најголемиот ривал за титулата во моментов. 

Кристофер Енкунку ги доведе гостите во водство во 19-тата минута. Младиот 17-годишен Џамал Мусиала погоди за 1-1 во 30-тата минута само кратко откако влезе на терен на местото на Хави Мартинез. Томас Милер направи целосен пресврт и му донесе водство на Баерн од 2-1 во 34-тата минута. Сепак, радоста на домаќините траеше многу кратко, бидејќи две минути подоцна Џастин Клајверт израмни на 2-2. 

На стартот на вториот дел гостите од Лајпциг поведоа по втор пат и тоа преку Емил Форсберг во 48-та минута. Бодот за Баварците го обезбеди Томас Милер во 75-тата минута.