Баерн се помачи против Вердер, но обезбеди финале во Купот (ВИДЕО)

Баерн Минхен славеше со 3-2 на гостувањето кај Вердер Бремен и се пласираше во големото Финале на Купот на Германија. 

„Баварците“ водеа со 2-0 со головите на Роберт Левандовски и Томас Милер. Домашните израмнија за само една минута. Јуја Осако погоди во 74-тата минута, а веќе во следниот напад погоди и Милот Рашица за 2-2.

Победата на Баерн Минхен му ја обезбеди Роберт Левандовски со гол од пенал. Баерн во финалето на Купот ќе игра против Лајпциг.