Баерн не одбива подароци: Толисо ги израмни Баварците со Дортмунд (ВИДЕО)

Корентин Толисо го однесе Баерн на второто место на табелата со ист број на бодови и само послаба гол-разлика од лидерот Борусија Дортмунд, која денеска прокоцка два гола предност и освои само еден бод на гостувањето кај Ајнтрахт Франкфурт (2-2).

Баерн со 1-0 победи на гости во Хамбург за да стигне до 20 бода на табелата, а работата на Баварците им ја олесни Гидеон Јунг, кој доби црвен картон во 38-та минута.

Откако во првиот дел мрежите мируваа, Толисо седум минути по стартот на вториот дел го разби хамбургер и практично го реши мечот.

Баерн ја запиша шестата победа сезонава и по очајниот старт се врати на врвот, само благодарение на „милионерите“, кои на последните два меча загубија пет бода.