Баерн Минхен тргнува по потписот на најдобриот стрелец во Бундеслигата

Актуелниот германски шампион Баерн Минхен вчера доби лоши информации, откако беше потврдено дека тренерот Нико Ковач нема да може да смета на Хамес Родригез, кој заработи незгодна повреда.

Германските медиуми пишуваат дека неговата иднина во Баерн е неизвесна, па се споменува пристигнување на Лука Јовиќ, кој игра брилијантно во дресот на Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ во моментов е прв стрелец во Бундеслигата, а во прилог на шпекулациите оди и тоа дека претседателот на баварците, Ули Хенес, најави големи промени зимава и 200 милиони евра кои ќе бидат вложени за засилувања.