Баерн Минхен нема да го откупи договорот на Хамес Родригез

Измина двегодишната позајмица на Хамес Родригез во редовите на Баерн Минхен. Германскиот гигант одлучи да не го откупи договорот на Колумбиецот од Реал Мадрид. 

Клаузулата за откуп изнесува 40 милиони евра, но Баерн не е заинтересиран за такво нешто. Родригез има уште обврски во Германија, односно по финалето во Купот што се игра утре се враќа во Мадрид. 

Тој нема иднина на „Сантијаго Бернабеу“ кај Зинедин Зидан, па веројатно ќе си бара нов клуб. Интерес за неговите услуги има од Премиерлигата, поточно од Арсенал и Манчестер јунајтед, но во трката за неговиот потпис може да влезат и Јувентус и ПСЖ.