Баерн Минхен и Дортмунд во борба за фудбалскиот „уметник“ од Перу (ВИДЕО)

Баерн Минхен и Борусија Дортмунд освен тоа што водат борба за титулата во Германија, си попречуваат и надвор од фудбалските терени. И двата германски гиганти се заинтересирани за ист фудбалер. Перуанецот Фреди Кастро кој во моментов настапува за Спортинг Кристал од Перу. 

Седумнаесетгодишниот фудбалер е еден од најголемите таленти на јужноамериканскиот фудбал. Многумина веќе го ставаат во иста реченица со  Нејмар бидејки поседува слични карактеристики. Дортмунд и Минхен во минатото покажале дека знаат како со младите таленти, па повеќе и од сигурно е дека Кастро ќе се пресели во „Бундеслигата“, но кој ќе ја добие битката за неговиот потпис останува да се види.