Баерн Минхен драстично ослабен во двомечот против Ливерпул во ЛШ

Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер доби директен црвен картон поради неговиот старт на Николас Таљафико во Лигата на шампиони (ЛШ), па казнет е со два меча суспензија и тоа им направи проблеми на Баварците.

Тоа значи дека Баерн нема да може да смета на него во средбите против Ливерпул и ќе мора да најде друго решение во тимот.

Ливерпул го пречекува Баерн на „Енфилд“ во првиот меч во нокаут-фазата на 19 февруари, а реваншот се игра на 13 март.

Да потсетиме, Милер се извини поради неговиот старт врз Таљафико и кажа дека немал никаква намера да направи прекршок.