Баерн Минхен доби врела шлаканица во Менхенгладбах и тоа со – пет „прсти“ (ВИДЕО)

На фудбалерите на Баерн Минхен вечерва им се случи најголемиот срам во последните години, откако не само што ги завршија настапите во Купот на Германија уште во шеснаесетина финалето, туку тоа го направија со ужасен пораз на гостувањето кај Борусија Менхенгладбах, каде што примија дури пет гола.

Катастрофата на Баварците беше најавена уште по првите 20 минути во кои Коне и Раму Бенсенбаини со два погодока (вториот од пенал) го донесоа домаќинот до водство од 3-0, кое во второто полувреме беше претворено во дебакл на големиот ривал. „Виновници“ за тоа беше Емболо со головите во 54. и во 57. минута.

Во следната рунда се пласираа уште и Келн по гостинскиот триумф над Штутгарт (2-0) и Хановер, кој на домашен терен ја среди Фортуна Диселдорф (3-0).