Баерн Минхен го има најголемиот шизик меѓу тренерите (ФОТО)

Екипата на Баерн Минхен не само што има одличен стручњак на клупата, туку го има и најголемиот шизик меѓу тренерите во Бундеслигата.

Јулијан Нагелсман, предводникот на Баварците, денеска привлече големо внимание во јавноста со начинот на кој дојде на тренингот во пресрет на утрешниот дуел против Гројтер Фурт. Тој во тренинг-центарот не пристигна со скап автомобил или луксузно такси туку со возење – скејтборд. Со тоа ги одушеви навивачите, кои објавија илјадници позитивни коментари на социјалните мрежи.

Предводникот на Баерн летово ја потенцираше својата љубов кон скејтбордот, која сега ја презентира на дело.

„Уживам во скејтбордот и ќе може повремено да ме видите како пристигнувам во тренинг центарот на Баерн со скејт“, објасни Нагелсман.

Тој во Минхен пристигна летово, како замена за Ханси Флик, а досега го водеше Лајпциг, со кого лани стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.