Баерн ја доби најлудата понуда за Хамес Родригес и треба да го изигра Реал!

Веќе извесно е дека првата колумбиска ѕвезда Хамес Родригес нема да остане во Баерн Минхен, зашто Баварците немаат намера да го откупат договорот од Реал Мадрид после двегодишниот заем и креативниот фудбалер ќе мора да се врати на „Сантјаго Бернабеу“, каде исто така нема иднина, зашто Зинедин Зидан практично и го „избрка“ во Баварија.

Но, за Хамес има еден излез со кој може да предизвика бура во Мадрид и да заврши во Атлетико. Но, за такво нешто треба Баерн да го одработи главниот дел од трансферот и на крај да го продаде на „Ванда Метрополитано“. Баерн и Атлетико имаат одлично односи, пред повеќе од еден месец Лукас Ернандез за 80 милиони евра замина во Баварија.

И сега Атлетико од Баерн бара да го откупи Хамес од Реал за 42 милиони евра, колку што е предвидено со договорот за заем, а потоа да им го продаде за 60 милиони евра. Така Баварците би биле во ќар 18 милиони евра за фудбалер кој во моментов не е нивна сопственост, а Атлетико би добил шанса да ангажира фантастичен играч и да нема никаков контакт со градскиот ривал. Инаку од Атлетико не сакаат да преговараат со Реал, па очекуваат Баерн да им излезе во пресрет.

Хамес во Баерн имаше седум гола и шест асистенции во 28 меча, а до заминувањето на заем, освои две европски круни со „кралевите“.