Баерн го откачи Санчез, па за 40 милиони евра ќе пазари во Еспањол

Германскиот великан Баерн Минхен конечно се ослободи од најголемата своја утка, Португалецот Ренато Санчез, кој за 25 милиони евра оди во Лил (клупски трансфер-рекорд на Французите) и Баварците експресно најдоа замена во каталонски Еспањол.

Според последните информации Баерн за 40 милиони евра ќе го купи Марк Рока, најдобриот фудбалер на Еспањол, како засилување за средниот ред. Трансферот веќе е договорен, а се очекува Рока да потпише петгодишен договор со Баварците.

Овој фудбалер е дете на Еспањол, ја мина целата школа во клубот, а беше дел и од сите младински селекции на Шпанија. Со трансферот во Баерн и добрите игри, практично ќе биде на радар за настап за сениорскиот тим на „црвената фурија“.

Официјализацијата на трансферот треба да биде многу брзо.