Баерн гази и без Левандовски (ВИДЕО)

Фудбалерите на Баерн Минхен ја отворија 2018 година со лесна победа над Баер од 3-1 во Леверкузен, во дербито на 18-то коло од Бундеслигата.

Хави Мартинез го отвори резултатот во 32-та минута по една мешаница во шеснаесетникот на домаќините, а потоа на сцена стапи Хамес Родригез кој најпрво асистираше до Рибери, а потоа и го постави конечниот резултат.

Во меѓувреме, во листата на стрелците се запиша Воланд кој намали на 1:2, но без никаков сомнеж, момент на натпреварот беше ремек-делото на Хамес во судиското надополнување кога со елегантен и исклучително прецизен удар ја смести топката во аголот од голот на Лено.

 Пред одигрувањето на останатите натпревари од 18-то коло, Баерн има 14 бодови предност во однос на Шалке, односно 16 во однос на Борусија Дортмунд.