Баерн е блиску до потписот на ѕвездата на Ајакс

Баерн Минхен уште од сега се подготвува за наредната сезона, во која тимот ќе влезе со видно изменет тим. „Баварците“ сакаат да ја доведат ѕвездата на Ајакс, Хаким Зиех кој беше еден од најдобрите во дуелот против Реал од Лигата на шампионите.

„Марка“ тврди дека претставници на Баерн веќе разговарале со агентите на Мароканецот, а позитивни вибрации имало и од самиот фудбалер. Вредноста на 25 годишниот офанзивец се проценува на 25 милиони евра.

Тимот од Минхен досега ги потврди трансферите на Бенџамин Павар од Штутгарт, како и на талентот од Хамбургер, Јан-Фирте Арп.