Азар пропушти дури 213 денови поради повреда: Сега го чека нова пауза

Еден Азар едноставно нема среќа со повредите откако минатата година направи трансфер од преку 100 милиони евра во редовите на Реал Мадрид. 

Белгиецот ќе биде надвор од терените од три до четири недели поради повреда на мускулот на ногата. Изминатава една година како е дел од „кралскиот“ клуб, Азар имаше дури седум повреди и беше надвор од терените дури 213 денови.

Фудбалерот никако не може да фати ритам во дресот на Реал Мадрид иако додека беше фит покажуваше мали блесоци.