„Азар е дебел и е далеку од лидер, а Зидан мора да ја преболи најголемата желба“

Од моментот кога судијата означи крај на натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Реал Мадрид, во кој шпанскиот тим претрпе убедлив пораз од 3-0, нападите кон клубот не престанаа.

Еден од најжестоките пристигна токму од Франција.

Кога дојде во Реал Мадрид, многумина го гледаа како локомотива која ќе го влече клубот, но се покажа како дебел товарец или преполн воз, изјави тренерот и поранешен директор на Рен, Роланд Курби.

Курби во минатото работеше за неколку француски клубови, а воедно соработувал и со Еден Азар по барање на Зинедин Зидан.

Азар дојде во клубот со шест или седум килограми повеќе. Тоа не е професионално. Тој е слабак кој никогаш не требаше да потпише за Реал Мадрид, распали Курбис.

Белгиецот пристигна во Реал Мадрид за 100 милиони евра ова лето како играч кој ќе биде следниот лидер на тимот, откако Роналдо замина во Јувентус. Досега, пред се поради неговите повреди, далеку од тоа дека изгледа како лидер во тимот.

Курбис исто така удри и по Зидан.

Тој се врати во Реал како месија. Требаше да го спаси клубот, но донесе неколку лоши одлуки во низа. Негов најголем проблем беше трансферот на Погба и кога не успеа да го реши, сè се распадна, заврши Курбис.