Атлетико Мадрид без проблеми ја „тресна“ Хуеска (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид ја продолжи победничката серија во шпанската Ла Лига, откако денеска беше подобар од Хуеска со 3-0.

Лукас го постигна првиот погодок за Атлетико во 31. минута и така донесе заслужено водство за неговата екипа, иако и домаќините имаа неколку добри шанси.

Сантијаго Ариас зголеми на 2-0 во 52. минута, а Коке ги постави конечните 3-0 во 71. минута и донесе важни три бода за Атлетико во борбата за титулата.

Атлетико сега се доближи на два бода зад лидерот Барселона, која има одиграно и натпревар помалку.