Аталанта ја совлада Фиорентина и избори пласман во финале на Купот! (ВИДЕО)

Аталанта во реваншот од полуфиналето во италијанскиот Куп славеше против Фиорентина со 2-1 (вкупни 5-4), па така се пласираше во финале, кадешто ќе игра против Лацио.

Лацио стигна во рано водство преку Муриел во третата минута, а во 14. минута Иличиќ израмни на 1-1 од пенал.

Во второто полувреме Аталанта успеа да направи пресврт, па со голот на Гомез во 69. минута ги постави конечните 2-1 и се пласираше во финале.

Да потсетиме, Лацио во другото полуфинале успеа да го совлада Милан со 1-0 на „Сан Сиро“, додека резултатот по првиот меч беше 0-0.