Аталанта едвај „на мускули“ го совлада најлошиот тим во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Аталтанта не блескаат во новата сезона, за што најдобар доказ беше мачењето на вечерашното гостување кај лошата Саларнитана, каде што едвај постигнаа еден гол во финишот за да дојдат до посакуваните три бода.

Тоа беше втор триумф за составот од Бергамо во четвртиот меч во Серија А, додека домаќинот го претрпе и четвртиот пораз и остана закованов на дното. Јунак во гостинскиот табор беше колумбискиот интернационалец, Дуван Запата, кој одлично егзекутира по одличната акција на Јосип Иличиќ во 75. минута.

Аталанта сега има седум бода и полека, но сигурно се приближува до местата што водат во Европа, но ако продолжат да играат како вечерва, тешко дека ќе ја продолжат серијата настапи во Лигата на шампионите.