Астон Вила си најде замена за Грелиш, кој е на пат за Манчестер сити

Џек Грелиш е на добар пат да направи трансфер вреден 100 милиони фунти од редовите на Астон Вила во Манчестер сити. Тимот од Бирмингам денеска ангажираше фудбалер кој игра токму на позицијата на англискиот репрезентативец.

Лион Бејли е нов фудбалер на Астон Вила, откако премиерлигашот му плати 35 милиони евра обештетување на Баер Леверкузен. Се работи за јамајкански репрезентативец, кој игра на левата крилна позиција, но подеднакво добро се снаоѓа и на десната страна.

Тој ќе потпише петгодишен договор со составот од „Вила Парк“, а ќе биде официјално претставен во текот на идната недела штом ги мине медицинските прегледи.