Асенсио и Иско ја торпедираа Мелилја за нов триумф на Реал (ВИДЕО)

Реал Мадрид денеска имаше премногу лесна задача против нисколигашот Мелиља во шпанскиот куп, па со триумф од 6-1 се пласираа во осминафинале.

Марко Асенсио за само три минути (33. и 35. минута) постигна два гола за водство од 2-0 на „кралевите“, а до крајот на полувремето Хавиер Санчез погоди за 3-0.

Во второто полувреме, Иско веднаш постигна гол за 4-0, а Жуниор Винисиус зголеми на 5-0. Мелиља успеа да намали во 81. минута на 1-5, но само две минути подоцна Иско ги постави конечните 6-1.