„АС“: Тотнем за Кејн му побарал астрономска сума на Реал Мадрид

Реал Мадрид долго време е заинтересиран за услугите на Хари Кејн од Тотнем бидејќи Шпанците имаат проблеми во нападот, но барањето на претседателот на лондонскиот клуб е неверојатно.

Реал постигна 26 голови во шпанското првенство сезона, речиси двојно помалку од Барселона, па поради тоа Реал го сакаше Кејн, но лондонскиот гигант побарал неверојатни 350 милиони евра, а тоа е премногу дури и за претседателот на „кралевите“, Флорентино Перез.

Поради тоа, „кралевите“ најверојатно ќе се обидат да ангажираат некој друг напаѓач, а во потесна конкуренција е Мауро Икарди од Интер, кој има откупна клаузула од 110 милиони евра.