„АС“: Реал Мадрид идната недела потпишува со ѕвезда од Бундеслигата

Шпански „АС“ пишува дека Реал Мадрид планира идната недела да го реализира трансферот на 21-годишниот Лука Јовиќ од Ајнтрахт Франкфурт.

Јовиќ постојано се поврзува со европските гиганти, а покрај Реал за него интерес покажаа Барселона, Ливерпул, Баерн Минхен, но очигледно Србинот се решил за преселба во Мадрид.

Според шпанските медиуми Ајнтрахт ќе добие 60 милиони евра од трансферот, а „кралевите“ имаат интересен план за Јовиќ.

Јовиќ, најпрво, би требало да има конкуренција од искусниот Карим Бензема, а од 2020 година ќе остане сам да го предводи нападот на „кралевите“.