Арсенал тргна по Барди - „топчиите“ веќе испратиле понуда за ангажман!

Македонскиот репрезентативен фудбалер за врска Енис Барди, кој денеска даде нов гол за Леванте, со што овој шпански клуб речиси и да го обезбеди опстанокот во Ла Лига и се зацврсти во средина на табелата сериозно го свртел вниманието од големи клубови од „лига петка“.

Според информации на шпански медиуми меѓу заинтересираните е лондонскиот премиерлигашки гигант Арсенал, кој од поодамна не е конкурентен за место меѓу големата четворка на Островот, но е поранешен шампион на Англија и таму член е макеоднскиот репрезентативен голман Дејан Илиев, кој сега игра на заем во полска Јагелонија.

Според „Онде Серо“, Арсенал веќе испратил понуда до Леванте за ангажман на Барди, но последен збор ќе има клубот дали понудата ќе биде прифатлива или не, зашто интерес за македонскиот репрезентативец има од многу клубови.

Покрај Арсенал како најголемо име од заинтересираните, интерес за Барди има и италијанска Фиорентина, како и еден неименуван германски бундеслигаш, кој можно е да е Ајнтрахт Франкфурт, зашто овој клуб посебно има мерак на балкански фудбалери, па Франкфурт е една југословенска колонија веќе подолго време.

За Барди интерес има практично после само шест месеци откако дојде во Леванте, па нема да биде изненадување ако до октомври се придодадат уште многу клубови кои би сакале да го видат во своите редови од најсилните лиги.

Барди во Леванте дојде од унгарски Ујпешт за само 1,5 милиони евра во летото 2017 година.