Арсенал поведе на „Олд Трафорд“ со еден од најчудните голови (ВИДЕО)

Арсенал постигна гол за 1-0 на гостувањето кај Манчестер јунајтед во 13.минута. 

Голот на Емил Смит-Роу дефинитивно еден од најчудните постигнати во последно време во Премиерлигата. Давид де Геа лежеше на теренот и се жалеше на повреда, па фудбалерот на Арсенал шутираше од надвор од шеснаесетникот и погоди во мрежата.

Судијата Мартин Еткинсон прво го поништи голот мислејќи дека имаше прекршок врз шпанскиот голман по корнерот на Арсенал. Сепак, по интервенција на ВАР убаво се виде дека Де Геа всушност беше фаулиран од неговиот соиграч Фред, па Еткинсон го призна голот.