Арсенал не застанува: Десетта победа по ред на „топчиите“

Унаи Емери го препороди Арсенал по слабиот старт на сезоната. „Топчиите“ вечерва  со 3-1 го совладаа Лестер во рамки на последниот натпревар од 9.коло во Премиерлигата. 

Арсенал дојде до десетиот триумф по ред во сите натпреварувања и тоа со пресврт и одлично второ полувреме. Лестер поведе во 31-та минута преку автоголот на Хектор Белерин, но на голот му кумуваше и лошата реакција на голманот Бернд Лено.

Десниот бек се извади за автоголот и му асистираше на Месут Озил за 1-1 во 45-тата минута. Истиот фудбалер му асистираше и на Пјер Емерик Обамејанг само неколку моменти откако напаѓачот влезе во игра. Габонецот со својот втор гол ги постави конечните 3-1. 

„Топчиите“ се искачија на четвртото место на табелата со 21 бод, колку што имаат и Челси на третото и Тотнем на петтото. Манчестер сити и Ливерпул се на врвот со по 23 бодови.