Арсенал може да го задржи Озил, но тој има само - еден услов!

Составот на Арсен Венгер се соочува со целосен распад, Санчез веќе замина и се очекува да потпише договор со Манчестер Јунајтед, а следен на листата за заминување е Озил, но сепак постои надеж за „топчиите“.

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил има право да преговара со други клубови затоа што договорот му завршува за помалку од шест месеци.

Венгер ќе се обиде да го задржи во својата екипа, но Озил има само еден услов за да остане во Лондон.

Покрај очекуваното зголемување на платата, Арсенал би морал да ги донесе Обамејанг и Михтаријан, како и некои други засилувања, затоа што Озил сака да игра во тим, кој ќе биде квалитетен да се бори за титулата во Премиер лигата.