Арсенал купува фудбалер на Дортмунд за 20 милиони!

Познатиот германски медиум „Билд“ пишува дека Арсенал  ќе го ангажира Сократис Папастатопулос од Борусија Дортмунд.

„Билд“ неодамна најави дека Сократис дефинитивно заминува од Дортмунд на крајот на сезоната, а сега објаснува дека наредна дестинација на дефанзивецот ќе биде Лондон.

Наводно, преговорите биле почнати меѓу екипите, па останале само уште неколку детали да се договорат пред да дојде Гркот во Англија.

Арсенал на 29-годишниот стопер ќе му биде седми клуб во професионалната кариера, по Дортмунд, Вердер, Милан, Џенова, Ники Волос и АЕК.