Арсенал и со црвен картон остана непоразен на дуелот против Челси, херој Белерин! (ВИДЕО)

Екипата на Арсенал и покрај тоа што играше со играч помалку од 26. минута, сепак успеа да остане непоразен на тешкото гостување на „Стемфорд Бриџ“ против Челси (2-2), во рамки на 24. коло во Премиер лигата.

Во 26. минута, Мустафи направи катастрофална грешка, Абрахам дојде до топката, а потоа Давид Луиз, направи пенал и автоматски заработи црвен картон. Само минута подоцна Челси поведе преку Жоржињо, но во 63. минута, токму Мустафи му асистираше на Мартинели, кој израмни на 1-1.

Пред крајот на мечот, Цесар Аспиликуета му донесе нова предност на својот тим (84. минута) и кога сите помислија дека бодовите ќе останат на „Сремфорд Бриџ“, Хектор Белерин му донесе ново израмнување на Арсенал со кое двата тима ги поделија водовите во лондонското дерби.