Арсенал го имал Кејн на тацна, тренерите го избркале: Буцко е и не е атлетски тип?! (ФОТО)

Најдобриот стрелец за минатата година, англиската ѕвезда на Тотнем, Хери Кејн успеа да го урне голгетерскиот децениски мит на недопирливите Лионел Меси и Кристијано Роналдо, па сега со прво лондонскиот премиерлигаш бара стотици милиони евра за да го продаде. И Кејн, во Тотнем завршил (не)сакајки поради големата глупост и грешка на – Арсенал.

Арсен Венгер, кој повеќе од две децении е менаџер на тимот од „Емирати“ веројатно и самиот не бил свесен дека има бисер во младинскиот погон, но тренерите „стручно“ пресудиле дека Кејн не е квалитет за Арсенал.

Веројатно познато е ривалството на Северен Лондон помеѓу Тотнем и Арсенал, а Кејн имал еден сон, да биде - „топчија“. И го примиле во младинската академија, тренирал во неа (постојат и слики во дресот на Арсенал), но како „гром од ведро небо“ на во Арсенал решиле дека тој не е талентиран.

Откако блесна во дресот на Тотнем, а минатата година беше во неверојатна форма, „топчиите“ сигурно зажалиле за неверојатната глупост што ја направиле. Зошто Кејн го набркале од Арсенал, објасни Лиам Брејди, поранешниот фудбалер на Арсенал и дел од стручните луѓе кои ја донеле одлуката за англиската ѕвезда како дете да си замине од овој гигант.

„Беше буцко, не беше атлетски тип и ние поради тоа направивме неверојатна грешка. Па и Тотнем го праќаше на заеми по нисколигаши, но Хери беше истраен да успее и изгради сјајна кариера. Тоа и го заслужи. Ние имавме погрешно мислење за него, врз база на неговиот изглед и со тоа ја направивме најголемата грешка во историјата“, рекол Брејди.