Арсенал го договори Бразилецот кој на „кариоките“ им ја донесе шампионската круна

Јужноамериканскиот „Фокс“ објави дека премиерлигашот Арсенал ги договорил сите услови за трансфер на фудбалерот на Гремио, Бразилецот Евертон.

Бразилецот имаше одлично издание на Копа Америка на која беше најдобар стрелец и и помогна на својата репрезентација да ја освои титулата. До тоа натпреварување беше непознат за јавноста, но прашање е дали селекторот на „кариоките“, Тите, воопшто ќе го земеше во составо доколку Нејмар не беше повреден.

„Топџиите“ за овој трансфер на Евертон ќе му платат на Гремио 40 милиони евра, односно 28 во готово и 12 во однос на остварените бонуси. Медиционскиот тим на Арсенал наводно отпатувал во Бразил се со цел да ги направат сите потребни лекарски прегледи по кои се очекува 23 - годишниот фудбалер да потпише договор.

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, за овој трансфер рок доби само 45 милиони евра за засилувања, бидејќи не успеа да исбори пласман во Лигата на шампиони за наредната сезона.