Челси се распадна на „Стемфорд бриџ“, Арсенал го доби лондонското дерби (ВИДЕО)

Арсенал денеска во 23. коло од англиската Премиерлига го совлада Челси со 2-0, па така му се приближи на три бодови на табелата.

Александер Лаказет со одличен погодок го отвори резултатот во 14. минута, а до крајот на полувремето Лорен Кошелни стрелаше за водство од 2-0 на „топчиите“.

Челси имаше многу повеќе шанси во второто полувреме, но ниту една не ја затресе мрежата на Арсенал, па резултатот остана 2-0 за „топчиите“.

Во моментов на табелата во Премиерлигата, Челси има 47 бодови на четвртата позиција, додека Арсенал и Манчестер јунајтед се на делба на петтата позиција со по 44 бодови.