Арнаутовиќ со лага на векот сакал го натера Вест Хем да го продаде!

Австрискиот напаѓач со српско потекло, Марко Арнаутовиќ е член на лондонски Вест Хем, ама очигледно сака да си оди оттаму. На адреса на клубот дојде понуда од Кина и тоа од според најавите на медиумите од Шангај СИПГ, но лондончани не сакаат да го пуштат.

Кинескиот клуб понудил 35 милиони фунти, но Вест Хем не е расположен да се откаже од својот трансфер. И кога Арнаутовиќ видел дека по нормален пат немало начин да издејствува трансфер, решил со урнебесна лага да го „реши проблемот“. Па, Арнаутовиќ отишол кај раководството на „чеканите“ и им рекол дека сака да си оди зашто во Кина ќе имал – поголема шанса да освојува трофеи (!?).

Челниците на Вест Хем на оваа лудорија на контроверзниот Арнаутовиќ слатко се изнасмеале и нормално не поверувале во такво нешто.

Ама имало и второ полувреме. Овојпат на состанок дошол Даниел Арнаутовиќ, братот на Марко, кој патем му е и менаџер. На состанокот Даниел посочил дека неговиот брат треба да добие нова шанса во кариерата, зашто во минатата сезона бил прогласен за најдобар, иако бил дебитант, а плус Вест Хем го платил само 20 милиони фунти, што не биле „големи пари во денешно време“.

Сепак во Вест Хем се истрајни да го задржат Арнаутовиќ, од причина што си има валиден договор. Инаку, медиумите открија зашто Марко форсира заминување во Кина, најверојатно во Шангај. Причината се 40 милиони фунти за четири години, колку што ќе заработи ако потпише таму.

Арнаутовиќ е репрезентативец на Австрија, кој ќе се соочи во следниот евроквалификациски циклус со Македонија во квалификациите за Евро 2020, кои започнуваат во март годинава.